Фотографијата е објавена на „Reddit“ од корисникот „u/yourstruly_chris“, а објавата собрала повеќе од 109.000 гласови „за“. Корисникот, кој се претставил како Крис, изјавил за „Newsweek“ дека ја направил фотографијата на 8 јануари за време на посетата на Холивудската патека на славните.
Крис, кој вели дека е критичар на администрацијата на Трамп и не сакал да го каже своето целосно име, тврди дека изгледало како некој претходно да се обидел да избрише други пораки и цртежи на плочата. „Колку што можев да видам, имаше трага од избришаниот цртеж“, рече тој.
Тој додаде дека има своја теорија зошто ѕвездата била шкртана. „Мислам дека причината е прилично очигледна, со оглед на сè што се споменува во последно време – ICE Венецуела, Епштајн и старите обвинувања што се појавуваат“, рече тој.

Бидејќи фотографијата е направена пред неколку дена, Крис претпостави дека знаците оттогаш се отстранети. Сепак, видеото што Трејси Мело го објави на „TikTok “пред 24 часа покажува дека сите четири зборови се сè уште видливи.
Честа цел на вандализам
Ако фотографијата е автентична, ова е само најновиот во низата случаи на вандализирање на ѕвездата на Трамп. Трамп доби ѕвезда на Холивудската патека на славните во 2007 година, и таа беше недопрена долго време – сè додека не влезе во политиката.
Откако стана претседател, ѕвездата беше оцрнета неколку пати, а во неколку наврати и физички оштетена.
