“НЕВЕРОЈАТЕН ПОДВИГ“: Федерер му ја честиташе победата на Ѓоковиќ (ФОТО)

by Тони Зографски

Рожер Федерер и Новак Ѓоковиќ значително го поправија односот во последните години, а доказ за тоа е и пораката која ја испрати Швајцарецот по новиот огромен успех на Србинто во тениската кариера.

Новак вчера по десетти пат во својата кариера го подигна трофејот во Мелбурн и на најдобар можен начин запечати едни крајно необични и тешки 12 месеци, во кои најпрво беше депортиран од Мелбурн, за сега да добие топло добредојде и да заврши со титулата во раце.

Ѓоковиќ ја сервираше својата „слатка одмазда“ на тенискиот терен и докажа дека е неприкосновен крал во Мелбурн, победувајќи во 10-то финале кое го одигра на „Род Лејвер“.

Во низата честитки, се јави и големиот Федерер, кој имаше кратка објавата на својот Инстаграм профил посветена токму на Ноле.

– Неверојатен подвиг, повторно! Огромни честитки, – порача Швајцарецот.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com