НА ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ ВО МОНАКО: Карминот на Јелена остана на усните на Новак  (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Новак Ѓоковиќ по четврти пат е прогласен за најдобар спортист на планетата и се закити со блескавата награда “Лауреус“. На свеченото доделување во Монако покрај сопругата Јелена се појавија и родителите на Новак, а особено со својата елеганција воодушевила мајка му Дијана.

Интересно е што на црвениот тепих Новак и Јелена си размениле бакнежи, а карминот останал на усните на српскиот тенисер. Затоа морал да реагира Јелена која веднаш му го избришала под будните камери на папараците.

Инаку, во конкуренција за наградата “Лауреус“ беа и Лука Модриќ, Ле Брон Џејмс,  Луис Хамилтон, Килијан Мбапе и Елиуд Кипчоге.

Гимнастичарката Симон Бајлс е прогласена за најдобра спортистка на светот , додека наградата за животно дело ја доби Арсен Венгер.

https://www.instagram.com/p/BuCBxQ4gW7F/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com