На Сајнц му украле часовник вреден пола милион фунти, па трчал и ги стигнал крадците! (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Уште еден скандал со кражба на часовници од формула 1 возачи се случил вчера, во Милано, но со среќен крај. Карлос Саинц бил ограбен неколку часа по италијанското гран-при, синоќа околу 20.30, близу до хотелот Армани во Милано.

Тој уште ја носел униформата на Ферари кога крадци успеале да му го откинат часовникот од брендот Ришар Мил, вреден 500.000 фунти. Веднаш тргнал да ги брка, а на помош дошле неговиот тренер и уште неколку луѓе од публиката, која била непосредно до хотелот.

По кратко време успеале да ги фатат и Саинц да си го врати часовникот, а веднаш била повикана полиција и крадците уапсени.

https://twitter.com/i/status/1698449617346503042

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com