На првата брачна ноќ останал и без пари и без невеста

by Тони Зографски

Младоженецот од Саудиска Арабија, Халид Абдухуа на првата брачна ноќ останал и без пари и без невеста. Прво, на берзата тој изгубил 300.000 долари, а кога ноќта на телефонот му стигнала пораката од берзата, утрината невестата веќе ја немало, таа избегала.

Саудискиот весник “Указ“ ја пренел изјавата на Абдухуa дека причина за банкротирањето е  заслепеноста за пари и лошата проценка. Тој истакнал дека за неколку години станал многу богат, но алчноста за пари, и лошите совети од  советниците го чинеле загуба од близу милион ријали, односно, 300.000 долари за една ноќ и губење на брачниот живот.

Утрината, после првата брачна ноќ, младоженецот бил пресен во болница поради психолошки трауми.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com