На министерот Момировиќ му се слоши на градилиште, итно е опериран во Ужице

by Тони Зографски

На српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Томислав Момировиќ денес му се слоши на градилиште, по што итно беше опериран во болницата во Ужице.

Момировиќ имал напад на слепо црево, кое било пред пукање, а околу 14 часот бил примен на хируршкото одделение на болницата во Ужице, по што е итно опериран и сега заздравува. Министерот Момировиќ денеска беше во посета на работите на тунелот Лаз, на трасата на идниот автопат од Прељина до Пожега.

За време на обиколката на работите, Момировиќ беше видно блед. Тој се пожали на неподносливи болки во пределот на стомакот и слабост, но не ги прекина работните обврски, туку отиде на обиколка на тунелот Лаз и општина Пожега.

 

останати вести

Comments are closed.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com