Светските медиуми деновиве пишуваат за можната љубовна врска на поп ѕвездата Кети Пери и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо.
Тие двајца кон крајот на месец јули биле забележани во еден познат ресторан во Монтреал, каде со коктели и морска храна поминале една вечер во опуштена атмосфера.
Присуството на парот веднаш привлекло внимание, особено затоа што Трудо неодамна поминал низ развод, додека пак Пери ја раскинала веридбата со Орландо Блум.
Шпекулациите дополнително се зголемиле кога Трудо се појавил на концертот од турнејата „Lifetimes“ којшто Кети Пери го одржала во Канада. Меѓутоа, како што пренесуваат странските извори, се чини дека нивната комуникација набрзо после тоа замрела.
Секако, причината е во тоа што Трудо не се снашол најдобро под рефлекторите откако фотографиите од нивната вечера го обиколиле светот.

„Знам дека не му годеше поради тоа што фотографиите завршија во јавноста. Тоа беше првото нивно заедничко излегување, а веднаш се крена прашина околу сето тоа“, открил извор.
И додека и двајцата навикнале на вниманието од медиумите, таа како глобална музичка ѕвезда, а тој како политичар од светски рамки, комбинацијата на пренатрупани распореди и константен притисок од јавноста очигледно не им била во прилог.

Засега, приказната за Пери и Трудо делува како кратка летна епизода, но останува да видиме дали патиштата на овие две славни личности повторно ќе се вкрстат.