“НАВИСТИНА ГАДЕН ВИРУС“: Американски експерт тврди дека короната нема да исчезне уште долго време

by Тони Зографски

Еден од врвните американски експерти за јавно здравство Том Инглсби вели дека вирусот ќе биде присутен долго време, и покрај тврдењето на Трамп дека „ќе помине без вакцина“. Тој во коментар за американската телевизија „Фокс њуз“ оцени дека е веројатно дека досега е заразен само мал процент од населението, „така што повеќето од нив се уште се подложни на тој вирус“.

Инглсби кој е директор на Центарот за здравствена безбедност при Медицинскиот факултет „Џонс Хопкинс – Блумберг“ рече дека станува збор за „навистина гаден вирус“, и дека во Соединетите држави не се тестираат доволен број на луѓе, ниту пак се бараат контакти на оние што тестирани позитивно – за оние од кои се заразиле, или за оние кои би можеле да се заразат.

Инглсби предупреди за опасноста од повторно отворање на компаниите и враќање на Американците во активности „како порано“, што ќе доведе до зголемена „социјална интеракција, побрзо ширење на вирусот и поголем број заразени луѓе“.

Реагирајќи на тврдењето на Трамп дека вирусот „едноставно ќе исчезне“, Инглезби рече: „Не, овој вирус нема да исчезне. Да се ​​надеваме дека ќе научиме да живееме со него и ќе можеме да го намалиме ризикот од пренесување. Но тој вирус ќе остане како проблем во САД и низ целиот свет сè додека не најдеме вакцина“.

останати вести