МУ СЕ ВРАТИ БОЛЕСТА: Михајловиќ го чека нова борба со леукемијата

by Тони Зографски

Српскиот тренер на клупата на Болоња, Синиша Михајловиќ на денешната прес-конференција соопшти дека повторно му е дијагностицирана леукемија.

Откако успешно се избори со оваа болест, Михајловиќ ќе мора повторно да оди на терапии.

„Морам повторно да отсуствувам, се надевам дека овој пат ќе биде пократка паузата. Болеста се врати, ќе морам да одам на лекување. Болеста е храбра бидејќи реши да се врати. Не ѝ беше доволно кога ја победив еднаш. За разлика од минатиот пат, сега сум мирен. Знам што треба да направам и ситуацијата е поразлична“, вели Михајловиќ.

Кон крајот на 2020 година Михајловиќ објави дека успеал да ја победи леукемијата после година ипол борба.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com