“МОЈОТ АНГЕЛ ЧУВАР НЕ НАПУШТИ ДЕНЕС“: Влатко Стефановски со емотивна порака по смртта на Ѓуричиќ

by Тони Зографски

Веста за смртта на познатиот тапанар Драгољуб Ѓуричиќ кој денеска по кратката борба со коронавирусот почина на 68-годишна возраст во Белград, ја растажи јавноста од целиот Балкан.

Многу негови обожаватели, пријатели и јавни личности од регионот на социјалните мрежи му оддаваат последна почит на легендарниот музичар.

А еден од нив е и нашиот гитарист Влатко Стефановски кој се огласи на својот инстаграм-профил со емотивна објава.

Ја споделувам оваа објава со длабока тага во моето срце. Мојот колега, брат, голем пријател и ангел чувар Драгољуб Ѓуричиќ нè напушти денес… Почивај во мир драг Драгољуб“, напиша Влатко.

 

останати вести