“МОЗОКОТ НЕ БЕШЕ ВАЖЕН, МЕ ТЕРАА ДА ГО ВОВЛЕКУВАМ СТОМАКОТ“: Меган Маркл била секси хостеса пред да се омажи за Хари (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Меган Маркл пред 16 години била сексапилна хостеса во ТВ-шоуто „Deal or no deal“, а за таа епизода од животот разговарала во својот поткаст „Archetypes“ со Парис Хилтон.

Тема на разговор биле предрасудите за жените кои ги нарекуваат „глупави русокоси“, а Меган раскажала дека не се чувствувала нималку паметно додека во сексапилна облека ги отворала актовките во споменатото ТВ-шоу.

Megan Markl

„Бев навистина благодарна како актерка на аудицијата што имам работа со која можам да ги платам сметките. Имав приходи, бев во синдикатот, имав здравствено осигурување, беше супер. Но, на крајот го напуштив шоуто. Бев многу повеќе од тоа што се објективизираше на сцена. Не сакав да бидам принудена да работам работа која се сведува на изглед, на специфичен архетип на зборот глупава“, изјавила Меган.

Таа напоменала дека ѝ пречело што не можела да ја користи својата интелигенција, за разлика до времето кога работела како приправник во американската амбасада во Аргентина.

„Пред снимањето на емисијата сите девојки се споредуваа и имаше различни соби за ставање трепки, екстензија или постава во градникот. Дури и секоја недела добивавме бонови за одење на самопотемнување поради тоа што постоеше многу јасна идеја за тоа како треба да изгледаме. Се работеше исклучиво за убавината, а не нужно за паметот“, изјавила Меган.

останати вести