МЛАД ПАР ДЕЛ ОД ЗАГИНАТИТЕ ВО НЕСРЕЌАТАТА: Славел роденден со 23-годишната вереница во Истанбул

by Тони Зографски

Газменд Укали (27)  од Кичево и неговата вереница 23 годишната Албина Белули од Тетово се едни од лицата што утрово загинале во несреќата што се случи кога автобус се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија и животот го загубија 46 лица.

Информацијата за Телма ја потврдил градоначалникот Дехари.

Газменд беше дел од кабинетот на градоначаликот на Кичево, Фатмир Дехари, а во петокот го славел својот 27-ми роденден со својата вереница во Истанбул.

Укали беше член и на Советот на млади на Општина Кичево во 2015 година.

Најмлади жртви во несреќата се четиригодишни близнаци кои биле заедно со родителите кои исто така ги загубија животите.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com