Мис Венецуела Андреа дел Вал сподели видео на кое покажува крвави повреди на лицето по наводниот напад од страна на нејзиниот славен стилист во хотелска соба во текот на Филмскиот фестивал во Кан. Андреа Дел Вал (29) го обвини својот стилист Џовани Лагуна (33) на социјалните мрежи дека физички ја нападнал во вторникот во луксузното француско летувалиште Кан. Манекенката се снимала со мобилен телефон додека крвта ѝ течела по лицето, а потоа го објавила видеото на социјалните мрежи.
„Погледнете што ми направи Џовани Лагуна. Честитам Џовани, штотуку сакав да покажеш кој си навистина“, рекла Дел Вал на шпански во видеото. Потоа со камерата ја покажала целосно расфрлената соба, со предмети и мебел расфрлани насекаде.
Лагуна, кој беше уапсен по инцидентот, може да се види како седи на стол во аголот од собата. Според натписите на медиумите, гостите на луксузниот хотел ја повикале полицијата откако слушнале викање, удари и знаци на физички конфликт.
Шпанскиот новинар Жорди Мартин споделил снимки на која наводно се гледа како полицијата го одведува Лагуна.
Џовани Лагуна е познат како стилист на славните личности и на кралиците на убавина во Латинска Америка. Од 2023 година, тој е креативен директор на изборот за Мис Универзум Колумбија.
Лагуна е приведен, но сè уште не е познато дали ќе се соочи со обвиненија по апсењето. Мис Венецуела Андреа Дел Вал добила медицинска помош и е надвор од животна опасност. Точната причина за крвавата кавга сè уште не е потврдена, а француската полиција засега не одговорила на прашањата на медиумите.
