МИСТЕРИЈАТА РАЗРЕШЕНА: Се јави „осмиот патник“ Шади Салех кој по грешка го внеле во списокот на повредени

by Тони Зографски

Бугарската „БНТ“ доцна синоќа информираше дека е разрешена мистеријата околу несовпаѓањето меѓу списокот на повредени во несреќата и списокот на учесници во патувањето на македонската туристичка компанија.

Според телевизијата, грешката настанала во болницата „Пирогов“.

Во редакцијата на БНТ се јавил Шади Салех чие име се споменуваше како патник меѓу преживеаните. Тој објаснил дека тоа нема никаква врска со несреќата.

Тој е бугарски државјанин, а во саботата бил примен на трауматолошкиот оддел на Пирогов поради скршеница на раката. Излегува дека во клиниката по грешка го внеле во списокот со повредени од автопатот Струма. Салех веќе е отпуштен од болницата, пишува „БНТ“.

Забуната со името на Шади ал-Салех на списокот предизвика многу шпекулации за тоа кој е мистериозниот „осми патник“ кој ја преживеал несреќата.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com