Минувач спречи киднапирање на двегодишно девојче

by Тони Зографски

28-годишен Мароканец  е спречен да киднапира двегодишно девојче на улица во градот Монца, соопшти денес италијанската полиција.

Мажот наводно се обидел да го задуши дедото на девојчето кое било во количка, за а потоа да го киднапира детето, но во тоа го спречил случаен минувач кој успеал да го бутне на земја, и да го задржи сѐ додека не пристигне полицијата, пренесува АНСА.

Мароканецот е уапсен поради обид за убиство и киднапирање, и задржан во локалниот затвор.

Полицијата соопшти дека Мароканецот веќе неколку години живеел во Италија без дозвола за престој, како и дека има криминално досие, меѓу другото и поради продажба на дрога.

Дедото на девојчето е префрлен во болница поради скршен прст и видливи модринки на вратот, а девојчето не е повредено.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com