Мексиканската убавица ги шармираше сите: Модна комбинација со која откри многу

by Тони Зографски

Деновиве, Лондон е место за собирање на бројни ѕвезди, а причината е Лондонскиот филмски фестивал, кој ги пречекува познатите актери и актерки од целиот свет.

Можноста да блесне на овој фестивал ја искористи и мексиканската убавица Елза Гонзалес, која привлече внимание со својата нереална модна комбинација.

Како што можете да видите, таа избра креација од тул која го откриваше речиси секој дел од нејзиното тело. Лелеавиот фустан без прерамки ја следеше линијата на телото и на тој начин ја нагласуваше нејзината витка фигура, а бидејќи креацијата беше проѕирна, јавноста имаше можност да ги види нејзините гради, но и нејзините гаќички.

Изгледот го комплетираше со шминка во земјени тонови која ги истакнуваше нејзините природни црти, а косата ја стилизираше во меки бранови кои паѓаа преку едното рамо.

останати вести