Пејачката Маја Оџаклиевска последниве години целосно се повлече од музиката и се посвети на своето семејство, поточно на својот внук Лука, на кого му е дијагностициран аутизам.
Маја со години живее во близина на Велика Плана, каде што се преселила поради нејзината херојска желба да му помогне на својот внук Лука (16), на кого своевремено му е дијагностициран аутизам.
Меѓутоа, како што предизвиците станувале посериозни, семејството донело тешка одлука да го смести момчето во специјализирана установа.
Во искрен разговор, уметницата зборувала за секојдневните борби низ кои минува нејзиното семејство, но и за промените што ги направила за да пронајде мир и стабилност.
Маја објаснила дека ситуацијата станала тешка кога нејзиниот внук влегол во пубертет.
Таа додала дека Лука успеал да се навикне на животот во институцијата, дека редовно го посетува внукот и се труди секоја средба да ја направи попријатна, па затоа често му ги носи неговите омилени јадења и поминува време со него секогаш кога е можно.
Маја Оџаклиевскас сега сподели ретка фотографија од својот внук Лука, со што ги разнежни срцата на јавноста. Таа сподели колаж од две фотографии со внукот Лука, син на нејзината ќерка Теа, прикажувајќи го неговото растење низ годините.

