Масовна тепачка во кино, уапсено и 13-годишно девојче (ВИДЕО)

by Тони Зографски

13-годишно девојче е меѓу петте уапсени тинејџери кој учествувале во масовната тепачка во едно кино во Бирмингам.

Седумина полицајци се повреди во тепачка која се случила во саботата вечерта а во која учествувале стотина луѓе.  Полицијата одзела две мачети и нож, а уапсила и двајца 14-годишници и еден 19-годишник поради напад на полицијата. Сите полицијци се здобиле со полесни повреди,

Како што изјавил еден од полицајците, за да се смири “разулавената“ маса морале да употребат и електро-шокери.

Полицијата побара помош од јавноста, односно, да се јави секој кој на снимката ќе препознае некои од учесниците во тепачката. 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com