МАРИНА ПЕРАЗИЌ ОТКРИВА: “Мајка ми почина од рак на дојка, па затоа користам биоенергија“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Хрватската култна пејачка Марина Перазиќ (61) и поранешната членка на групата “Денис и Денис“, најмногу ја паметиме по хитовите “Програм твог компјутера“„Јас сам лажлива“ , “Колачичи“  и „Соба 23“. Таа важеше за секс-симбол во поранешна Југославија, а дури трипати учествуваше во реалното шоу „Фарма“.

– Бев исклучително добро платена. Добивав 1.500 евра неделно. Еве и сега ме викаат да учествувам повторно во „Задруга“, но не ми се допаѓа тој концепт – искрена е пејачката во интервјуто за „Слободна Далмација“.

Марина во мај наполни 61 година, иако влезе во седмата деценија, вели дека годините не ја оптеретуваат. Често танцува и практикува јога.

– Мајка ми почина од рак на дојка и затоа настојувам преку различни методи, најмногу преку биоенергија да си ја одржувам стабилна здравствената состојба – нагласува таа.

Инаку, од врската со тапанарот на култниот белградски состав „Екатерина Велика“ Марина ги има ќерките Мија (27) и Луна (24). Ги роди во Њујорк каде што престојуваше цели девет години.

 

 

останати вести