Марго Роби за прв пат во јавност по породувањето (ФОТО)

by Тони Зографски

Холивудската ѕвезда Марго Роби се породи пред речиси една година, а сега за прв пат оттогаш се појави на јавен настан и изгледаше поубаво од кога било.

Станува збор за промоција на новиот романтичен филм „A Big Bold Beautiful Journey“ во Беверли Хилс, а таа позираше со својот колега Колин Фарел.

По светскиот успех со филмот „Барби“, а потоа и паузата поради бременоста и мајчинството, Марго Роби се врати на работа, на радост на сите оние кои со нетрпение го очекуваа нејзиното враќање.

Актерката, која со години важи за најубавата холивудска ѕвезда, го привлече вниманието во црн мини фустан кој ја истакна нејзината витка фигура, а изгледа како никогаш да не родила.

Многумина се согласуваат дека Марго Роби изгледа уште поубаво откако стана мајка, а синот го доби со сопругот Том Екерли, со кого има и деловно партнерство во продуцентската куќа „ЛакиЧап“.

Сè уште не е познато какво име му дале на својот син, бидејќи го чуваат својот приватен живот во строга тајност.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com