Македонски стомачен танц на фестивалот во Копаоник (ГАЛЕРИЈА)

by Тони Зографски

Викендов на Копаоник се одржа четвртиот интернационален фестивал на ориентален танц на кој учествуваа 21 танчерка од Македонија, Србија, Хрватска, БиХ и Словенија. Македонската преставничка на ова смотра на стомачен танц беше Тамара Стојанова од Скопје.

“Танцувам од мали нозе.  Иако многумина имаат предрасуди спрема оваа врста на уметност, се е поголем бројот на девојки од Балканот кои сакаат да се занимаваат со ориентален танц, и пресреќна сум поради тоа. Се работи за една убава вештина која ја нагласува женственоста, со нашите движења изразуваме радост, љубов и среќа.  Ќе се вратам  повторно во Копаоник – изјавила Тамара за српскиот весник “Новости“.

Бидејќи сите танчерки биле одлични, a жирито не можело да се одлучи кој е победникот, па паднала едногласна одлука дека “сите девојки победиле“.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com