Македонскиот готвач на крузер остана без работа поради проблемите со пасошите: Јас не познавам дека некоја друга земја го има направено ова на својот народ

by Тони Зографски

Македонскиот готвач Виктор Настески, кој работеше како шеф на кујна (Executive Chef) на крузер за бродската копанија „P&O Cruises“, остана без работа поради проблемите со македонските пасоши. 44-годишниот Виктор за голготата со која се соочуваше поради истечениот пасош објавуваше на својот фејсбук профил, а последниот негов статус е нешто што никој не му го посакуваше – остана без работа.

“Епа другари и другарки толку беше‼️

Договорот скратен поради невалиден пасош и поради фактот дека патниот лист е само за во еден правец до родната земја.
И така мене не ми е дозволено да го продолжам патувањето и да го завршам својот договор‼️ – го започнува својот статус познатиот готвач.

Тој објаснува какви последици и проблеми се направени со хаосот што македонската влада го направи со македонските пасоши:

-Бродов со 1800 гости и 820 вработени останува без “Executive Chef”‼️

-Мојата компанија во неверување како е ова можно, се чудат и се крстат‼️
-Замена “Executive Chef” преку ноќ на овој крај од светот неможе да се најде‼️
-Мојот тим од 170 вработени остануваат без својот лидер‼️
-Мојот работодавец со огромни финансиски загуби‼️
-Јас исто така со финасиски загуби, живци искинати и ноќи непреспиени‼️
-Тонам во очите на мојата компанија и понижен како никогаш од сега‼️
-И се тоа поради непособноста на оваа власт да изнајде решение и да го продолжи рокот за пасошите,па да можеме да си ги завршиме договорите и како нормални луѓе да се вратиме дома‼️
-Да не се повторувам за тешкотијата која се наоѓаат морепловците за да го извадат овој патен лист‼️
-Ама не тие решија скроз да не понижат и уништат‼️

Настески ја запраша власта, дали е свесна каква штета предизвикува на граѓаните и на круз компаниите, како и на сите работници.

“Свесни ли сте бе какви штети предизвикувате на своите граѓани и на круз компаниите, и општо на сите работодавци на море и на копно⁉️

-Што е најтрагично вас не ви чуе бе какви штети направивте‼️
-Вие сте бе енда багра неспособна што никогаш му се нема десено на човештвото‼️
-Јас не познавам дека некоја друга земја го има направено ова на својот народ‼️
И сега дома во нови нервози и дали ќе успеам да го извадам пасошот на време за да се вратам на следниот договор.
Ниту власта а ниту па опзицијата не помогна во врска со сета оваа каша попара и едноставно не се ни потрудија да направат нешто‼️
Единствена позитивна работа од ова е што набрзо ќе бидам со своето семејство.
А вие кога тогаш, ќе платите за сите овие неправди и маки‼️

Во својот нареден статус пак вели:

“Ејј а замисли ова:

-Замисли да предвидеа дека ќе има заглавени луѓе како мене на море и на копно?
-Замисли да имаа испратено едно 20.000 обрасци во сите наши амбасади во светот?
-Замисли да ни ги издадеа тие пасоши тука по брза постапка?
Замислувате колку е лесно нели?
Ама треба некој тоа да го испланира!
Ама неможе некој да мисли и да планира ако му е празна глаата бе, НЕ МОЖЕ!
Глупи, неспособни и скроз изгубени во простор!

останати вести