Македонија во ТОП-10 дестинации кој треба да се посетат во 2020

by Тони Зографски

Македонија се најде меѓу топ-10 дестинации што треба да се посетат во 2020 година, во традиционалниот избор на Lonely Planet.

Македонија се пласираше на третото место, зад Англија и Бутан и популарниот австралиски сајт вели дека ова се должи и на фактот што земјата неодамна се ребрендираше и го промени името во Република Северна Македонија, на тој решавајќи го долгогодишниот спор со Грција.

„Веќе е позната по гастрономијата, древната традиција и природата, но ентузијастите за култура и авантуристите ќе најдат нови изговори за да ја посетат во 2020 година поради воведувањето на нови авионски линии до Охридското Езеро, кое е заштитено од УНЕСКО и неодамна лансираната High Scardus Trail, патека од 495 километри која ги поврзува најдраматичните планински врвови во регионот“ – пишува Lonely Planet.

Инаку, Покрај Македонија, на листата се уште и Бутан, Англија, Коста Рика, Аруба, Есватини, Холандија, Либерија, Мароко и Уругвај.

 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com