Град Скопје од понеделник ќе огранизира маалски концерти, за граѓаните да ги следат од своите балкони, и да можат да го потполнат времето додека трае полицискиот час. Овие концерти ќе бидат дел од акцијата „Култура во време на корона“ организирана од Градот, а ќе опфаќа и посета на зоолошката градина и концерти.
Сите кои ќе бидат ангажирани во ваков вид на проект, ќе добиваат минимална плата од 14.500 денари, и така уметниците ќе може да заработуваат од кризата, со оглед дека сега немаат никакви ангажмани поради пандемијата и забраната за движење.
„Скопје како кандидат за европски град на културата 2028 година мора да покаже дека се грижи за домашната сцена и особено за локалните невработени уметници во овој критичен период за нивниот опстанок. Затоа, го задржуваме истиот буџет за култура, но средствата ги насочуваме кон луѓето и програмите, наместо кон капиталните инвестиции. Луна Паркот како неприоритетна инвестиција ќе биде одложен за некоја година, но затоа Универзалната Сала и веќе започнатите реконструкции во градските институции ќе се реализираат. Предвидуваме и кратење на буџетите за оние меѓународни настани кои што нема да може да се одржат заради затворените граници и нивно пренасочување во проекти на домашни уметници и здруженија. Ги уверуваме уметниците и културните работници дека нема да бидат заборавени, а нашите сограѓани, иако под изменети околности, и оваа година нема да имаат недостиг од културни содржини“, соопшти градоначалникот Петре Шилегов