ЛУЃЕТО ПАНИЧНО БЕГАА: Се сруши таванот на свечаната сала на хотел во Лесковац (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Тежок инцидент се случи вчера попладне во Лесковац, кога се сруши таванот од новата свечена сала во некогашниот хотел „Београд“, а денеска познат под името „Лесковац“, пишува српски Телеграф.

Моментот на уривање на кровот изгледаше морничаво, а во тој момент во зградата имало и работници кои почнале да бегаат. Според последните информации на српските медиуми, за среќа, никој не е повреден, иако снимката делува навистина застрашувачки.

– Покривот се урнал поради грешка на работниците кои поставувале противпожарни прскалки на тој дел од покривот. Важно е што никој не е повреден – изјави Звонимир Митровиќ, основач и сопственик на модната куќа МОНТОБЕНЕ, еден од бизнисмените кои закупија простор во некогашниот симбол на Лесковац, кој беше реновиран и почна да работи пред две години.

Во уредувањето и опремувањето на овој простор инвеститори од Лесковац вложија милион евра.

останати вести