Ловец убиен на лов на Кожуф

by Тони Зографски

Во полициската станица Гевгелија било пријавено дека на планината Кожуф имало повредено лице при лов. Полициски службеници излегле на местото на настанот, на место викано „Мала рупа“ и констатирале дека М.Т.(31) од село Богородица бил погоден од куршум од страна на Б.Ѓ.(52) од Гевгелија и починал на местото на настанот – информираат од МВР.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Гевгелија. Б.Ѓ. е приведен во полициска станица, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

останати вести