973
Масовна тепачка изби во чајџилница во Дебар. Порталот „Инфомакс“ објави дека според неофицијални информации, до инцидетот дошло откако сопствениците побарале сертификати за вакцинација.
Како што пишува „Инфомакс“, гостите биле револтирани и реагирале насилно, по што сопствениците вратиле со тупаници, а летаа и маси, столчиња и палки.
