Легендарната спортска новинарка Милка Бабовиќ е заразена со коронавирус

by Тони Зографски

Легендарната спортска новинарка позната по преносите на уметничо лизгање во поранешна Југославија, Милка Бабовиќ  е позитивна на ковид 19. Таа пред 15 дена го прославила 92-от роденден, а потоа завршила во болница поради коронавирусот.

-Поради здравствени проблеми Милка е хоспитализирана пред 15 дена, а ден по роденденот е префрлена во Клиничката болница Дубрава- пишува Јутарњи лист.

Според информации од болницата, Бабовиќ засега добро се бори со ковид-19.

Инаку, поранешна атлетичарка Милка Бабовиќ која е родена во Скопје е основаположник на спортската редакција на тогашната телевизија Загреб.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com