238
Актерот Лазар Ристовски веќе подолг период е во хармонична врска со 39 години помладата колешка Аница Лазиќ од која е речиси неразделен.
Тие решија студените денови да ги заменат со егзотична дестинација, па отпатуваа на Малдиви, од каде Аница се пофали со прекрасни фотографии.
Имено, таа на Инстаграм сподели нивна фотографија од плажа на која се држат за раце, шетаат по белиот песок и гледаат во далечината, додека се смешкаат.
Аница беше облечена во виолетова минијатурна тоалета, додека Ристовски беше во сосема опуштено издание – шорцеви и маичка.
Таа објави уште една фотографија на која позира на песокот покрај морската шир во долг син фустан.
