Лажна тревога: ДОЦНЕЛА НА АВИОН, ПА ПРИЈАВИЛА ДЕКА ИМА БОМБА ВО НЕЈЗИНИОТ БАГАЖ

by Тони Зографски

Жена од Чикаго е приведена на аеродромот во Флорида откако кренала лажна тревога дека во авионот има бомба, објавила власта.

Марина Вербитски е уапсена во понеделникот наутро на меѓународниот аеродром Форт Лаудердал-Холивуд, соопшти канцеларијата на шерифот.

Вербитски на вработените на аеродромот им рекла дека во нејзиниот багаж, кој веќе бил во авионот, се наоѓа бомба, бидејќи и кажале дека не може да се качи оти доцна пристигнала.

Жената е фатена, а авионот кој се подготвувал за полетување е запрен. Патниците се евакуирани и авионот е проверен и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.

Вербитски е притворена и е пријавена за лажна закана за бомба, експлозив или оружје за масовно уништување.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com