Крвожедни видри нападнаа жена која трчала во парк (ФОТО)

by Тони Зографски

Маријасела Харун, тркачка на 30-годишна возраст, не можела да стои и била облеана во крв откако ja нападнала група агресивни видри во парк во Сабах, Малезија.

Несреќната жена дури завршила во болница, а пред тоа била снимена како седи и липа на тротоарот, видно шокирана и со длабоки рани на потколениците.

Како што пишува The Sun, видрите ја нападнале од заседа. Двајца храбри тркачи се обиделе да и помогнат на несреќната жена, но безуспешно. Згора на тоа, животните се ги нападнале и нив.

“Дојдов во паркот околу 6:10 часот и набрзо забележав нешто што не можев да препознаам како излегува од одводот. И дека нешто одеднаш ме касна. И потоа дотрчаа други, ги имаше многу”, рече жената.

Ова е прв ваков напад врз лице регистриран во областа.

останати вести