Претпразничниот шопинг изгледа прилично добро кога станува збор за поп-пејачката Кристина Агилера.
44-годишната пејачка секако знае како да привлече внимание, а нејзините омилени чевли дефинитивно се чизмите над колена. За претпразнично купување подароци, пејачкатта секако ги избрала најдобрите продавници, како што се Прада и Ив Сен Лоран. Што се однесува до нејзиниот аутфит, повторно се решила за чизми над колена со високи потпетици, веднаш под задникот, заедно со краток кожен шорц и предимензионирана јакна.
Особено се истакнала и нејзината долга руса коса, а пејачката изгледот го надополнила со црн качкет, црвена чанта и очила за сонце.