Кралицата Елизабета повеќе нема да носи крзно (ФОТО)

by Тони Зографски

Новите парчиња облека на кралицата Елизабета Втора повеќе нема да содржат вистинско крзно, – објави денеска Бакингемската плата.

Но, во соопштението истовремено се тврди дека кралицата нема да се откаже од оние парчиња облека кој содржат крзно, а веќе ги има.

-Кралицата ќе продолжи да ги носи парчињата облека со крзно кои се во нејзината гардероба од порано – стои во соопштението.

Здружението за заштита на животни “ПЕТА” ја поздравила одлуката на британската кралица.

“Одлуката на кралицата е во согласност со бројните напредни купувачи, компании и народи кои сфаќаат дека вештачките крзна се подобри за околината и со тоа се заштитуваат животните од ужасниот живот и крвавата, болна смрт”, соопштила “ПЕТА”.

“Следниот чекор е кралските стражари да престанат да парадираат во шубари од крзно од мечки, убиени во Канада”, додале од здружението.

 

 

 

 

останати вести