КОЈ ЌЕ ГО ЈАДЕ ОВА?: Најпознатиот турски готвач ги згрози луѓето со новиот бургер (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Нусрет Гокче е најпознатиот угостител од Турција, познат уште и како Салт Бае (Salt Bae), ја шокираше јавноста со својот нов бургер, кој, всушност, не е.

Нусрет Гокче наиде на бројни осуди и неодобрување од стручната јавност откако на својот инстаграм-профил во својот ресторан во Лондон ja претстави новата генерација хамбургери. Славниот готвач на свој начин го претстави целиот процес поврзан со создавањето на неговиот бургер.

Покрај негативните коментари и згрозената угостителска стручна јавност, повторно го доби она што го сака, публицитет и виралност. Во видеото можете да погледнете и сами да процените дали ова е провокација или навистина нова кулинарска сензација.

Меѓу различните коментари на видеото на Инстаграм, имаше и еден во кој пишуваше дека оваа верзија на плескавицата е „апсолутно ѓубре“.

„Дали десетгодишно дете го монтираше видеото? Исто така, целата идеја е апсолутно ѓубре“, пишувало во коментарот.

останати вести