Актерот Мајкл Даглас е во брак со колешката Кетрин Зета Џонс од 2000 година.
Иако важат за еден од најдолготрајните бракови во Холивуд, скоро сите заборавиле дека актерот имал брак пред неа. И дека траел 23 години.

Диандра Лукер била 19-годишна студентка, а Мајкл тогаш имал 32 години. Како што пишуваат медиумите актерот ја запросил својата сакана по две седмици забавување.
Парот се венчал шест седмици подоцна и го започнал својот живот во Лос Анџелес. Само една година по венчавката во 1978 година, го добиле синот Камерон.
За овој брак не се знае многу во јавноста, освен дека Диандра поднела барање за развод во 1995 година.
Бракоразводната парница траела пет години, а нивниот развод влегол во историјата на Холивуд како еден од најскапите.
Диандра наводно добила спогодба од 45 милиони долари, имот во Санта Барбара и дел од куќите на Мајорка.

Се венчала за полубратот на Дајана
Неодамна се појавила веста дека Диандра 25 години по разводот од првиот брак, повторно се венчала.
Како што пренел „Daily Mail“, Диандра минатиот викенд се венчала со Вилијам Лег, грофот од Дармоут и со тоа станала грофица.
Вилијам Лег е син на Рејн Спенсер која во 1976 година се венчала за Џон Спенсер, татко на принцезата Дајана, па така Вилијам станал полубрат на покојната принцеза Дајана.
