Која е малата Иванка, на која Ноле ѝ го подари рекетот? (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Светот е воодушевен од гестот на Новак Ѓоковиќ кој по завршетокот на натпреварот на Вимблдон својот рекет ѝ го подари на својата најмлада обожавателка, пренесува „Тhe Telegraph“.

Новак Ѓоковиќ во неделата ја освои рекордната 20-та Грем слем титула и својата шеста титула на Вимблдон со победа во четири сета против Матео Беретини од Италија. По завршувањето на финалето, српскиот тенисер беше забележан како оди кон девојчето кое навиваше од трибините и ѝ го подари својот рекет.

Радоста на 7-годишна навивачка го воодушеви целиот свет. Таа навивала во текот на целото финале, а носела и рачно изработен транспарент за нејзиниот омилен играч.

The Telegraph откри дека  младата Азијка веќе и’ самата игра тенис, го сака Ѓоковиќ, а се вика Иванка Ли.
По финалето се огласи и нејзината мајка Крис која ги откри деталите, која не била на Централниот терен со својот сопруг и ќерка.

„Иванка е воодушевена. Разговаравме на телефон и ме праша „Што се случи, дали е ова вистински рекет?“. Во тоа време, го шетав кучето со мојот петгодишен син, бидејќи тој не можеше да влезе на трибините поради неговата возраст. Сакав да сме сите заедно“, откри мајката на девојчето.

Крис заедно со нејзината ќерка го направиле транспарентот на кој пишуваше „НОВАК“ а секоја буква беше обележана со посебно значење на англиски јазик. „Н“ значеше број 1, „О“ дека е неверојатен, „В“ да биде победник, „А“ да биде амбициозен и „К“ кое се однесува на бакнежи.

останати вести

Comments are closed.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com