Корисни совети како полесно да се справите со пролетните алергии

by Тони Зографски

Пролетта  ни е на прагот, а со неа доаѓаат и оние пролетни алергии на кои многумина реагираат со најразлични симптоми. Во почетокот на пролетта, коа се буди сета природа и цветаат пролетните булки, за многу луѓе започнува ноќната мора поврзана со пролетните алергии.

Почетната сезона им е во март, додека поленските алергии знаат да траат и до септември. Најчестите симптоми се кивање, кашлање, црвенило во очите, умор и раздразнетост. Бројот на луѓето кои се алергични се зголемува се повеќе, а овој растеж е тесно поврзан со продолженото цветање на тревата и цвеќињата од глобалното затоплување. Исто така загадениот воздух и околината допринесуваат во слабеењето на имунитетот на организмот. Од овие алергии жените заболуваат повеќе од мажите, и тоа на возраст од 25 до 35 години.

Склоноста кон алергиите е и наследна, доколку еден или двајцата родители имаат проблеми со пролетните алергии, веројатноста дека и вие ќе  наследите  некоја алергија е за 75% поголема.

Некој магичен лек против алергиите нема, но симптомите можат да се ублажат.

Докторката Нита Огден има неколку корисни совети на оваа тема. Таа работи како имунолог во Њујорк.

Покрај медикаментите и природните лекови за справување со пролетните алергии, ова се советите на Огден:

  1. Затворајете ги прозорците додека работи климата
  2. Веднаш по пристигнувањето дома соблечете ја облеката
  3. Секоја вечер туширајте се и мијте го лицето
  4. Исчистете ја машината за перење алишта, влажната облека вадете ја веднаш по перењето, а вратата оставете ја отворена за да се исуши внатрешноста
  5. Менувајте ја постелнината почесто
  6. Избегнувајте ги утринските вежби, тогаш има најмногу полен во воздухот
  7. Чистете го домот почесто, внимавајте на орманите, еднаш годишно извадете ја целата облека и детално исчистете.
  8. Внимавајте на цвеќињата што ги чувате во домот, повеќето луѓе не знаат дека се алергични на билки, најчесто на фикусот.

Експертите советуваат дека со комбинирање на соодветна терапија и антиалергиски лекови, може да се намалат симптомите и алергиите.Исто така, научниците препорачуваат поголема хигиена, често перење на постелнината, туширање и миење на косата бидејќи поленот највеќе се собира на косата и облеката. Влагата и мувлата некогаш можат да ги зголемат симптомите на алергијата или алергиската астма, па се препорачува често проветрување на просториите и одржување на хигиената и во тоалетите.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com