КОМШИИТЕ ЖИВА ЈА ЗАКОПАЛЕ: Нина излегла од гробот и се довлечкала до дома (ВИДЕО)

by Тони Зографски

-Се смееја и раскажуваа дека ќе ми го убијат семејството. Кога завршија, мислејќи дека сум мртва, сѝ заминаа – раскажала Нина.

Несреќната жена ја спасило и тоа што гробот бил плитко ископан, па успеела да излезе, да се довлечка дома и веднаш ја загубила свеста. Следното утро, легната на подот ја нашла нејзината сестра Људмила Гура.

– Крв и модрици имаше на целото тело. Беше целата отечена и едвај ја препознав -вели Људмила.

Нина веднаш била пренесена во болница и според наодите на хирурзите имала потрес на мозокот, скршена вилица и нос, додека целото тело и било модро.

Двајцата браќа биле уапсени и осуден на 10 години затвор.

Инаку, кавгата меѓу Нина и браќата наводно била за куче кое таа им го украла.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com