Српската тенисерка Ана Ивановиќ наводно зад себе го оставила тешкиот животен период, одбележан со разводот од германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, а како што пишуваат српските медиуми, повеќе не е сама.
Некогашната најдобра тенисерка во светот наводно има ново момче, а српскиот „Курир“ пишува дека станува збор за „странец, успешен во својата работа, но далеку од медиумското внимание“, што значи дека не е јавна личност.
Споменатиот весник додаде дека Ивановиќ го запознала новиот партнер во момент кога ѝ била „најпотребна стабилност“.

„Таа сега избира мир без сензационализам. По сè што помина, сфати колку ѝ значи приватноста, особено во емотивна смисла. Овојпат не сака да ја дели својата среќа со целиот свет, барем не додека не биде сигурна дека тоа е тоа“, рекол извор за „Курир“.
„Најблиските пријатели се упатени во нејзината нова љубовна приказна, но внимателно ја чуваат за себе“, додал тој.

Со оглед на тоа што својата приватност ја чува далеку од медиумите, не треба да се очекува Ана наскоро да го покаже наводниот партнер.
