КОВИД СВАДБА И ВО ОХРИД: Младоженци дошле од Австрија да направат веселба, младоженецот е во болница

by Тони Зографски

Младоженци од Австрија кои свадбената веселба одлучиле да ја прават во родниот Охрид, завршиле во болница откако кај двајцата било дијагностицирано дека се позитивни на ковид-19, објави „Алфа“.

Уште на пат за Македонија, идниот зет не се чувствувал добро. Но, младенците решиле да ја направат свадбата, по што тој завршил во болница.  Не се знае колку луѓе имало на свадбата, но епидемилозите не само што не ја исклучуваат можноста,туку очекуваат дел од свадбарите да се појават со симптоми на Ковид.

Моментално во модуларната болница во Охрид се хоспитализирани пет пациенти, двајца од нив се вакцинирани со две дози,а останантите тројца не биле вакцинирани.

Од хоспитализираните пациенти, тројцата  се дојдени од странство и се од таму позитивни дојдени. Никој кај нас не ги контролирал на влез.

Едниот е од Белгија, а двајцата брачни сопружници се од Австрија, не се вакцинирани пациентитивели Мира Спасова, медицинска сестра.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com