Кирк Даглас на 102 години му рече фала на животот

by Тони Зографски

“Имав прекрасен живот и имам фантастично семејство. Благодарен сум на сето што ми го пружи животот“, изјави легендата на холивудскиот филм Кирк Даглас кој го слави 102-от роденден.

Тој истовремено откри дека роденденот  ќе го прослав со забава во блиското семејство и со личности од пријателскиот круг. Меѓу гостите ќе бидат Стивен Спилберг, Џефри Кензенберг и Рон Мејер.

Инаку, Кирк Даглас, заедно со 84-годишната Софија Лорен и 91-годишниот Сидни Поатје, се единствените живи од 50 легенди од „златната ера“ на Холивуд кој Американскиот филмски институт во 1999 година ги објави.

„Ми недостигаат моите стари пријатели, како што е Берт Ланекстер. Го викав ’Боит’, а тој мене ’Коик’. Беше прекрасен пријател, многу ми недостига“, вели Даглас.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com