719
Лица блиски до семејството на Љубе Бошкоски објавуваат на социјалните мрежи дека бил киднапиран внукот на политичарот. Како што стои во објавите кои ги пренесува локално.мк, Самоил Костадиновски бил киднапиран во близина на Чешката амбасада.
Според објавите, пронајдено е неговото возило, но се уште нема трага и глас од лицето.
Семејството и блиските бараат помош од граѓаните.

Преку социјалните мрежи апел испрати и сопругата на лидерот на Обединети на Македонија, Виолета Бошкоска.
„Локално“ ги контактираше МВР, но до моментот на објавување на информаците не добивме потврдна информација за настанот.
