Светската музичка ѕвезда, пред 4 месеци го напушти актерот Орландо Блум, сега позира со ново момче, екс премиер.
Пејачката Кети Пери ја потврди својата врска со Џастин Трудо, поранешниот премиер на Канада.

Светската музичка ѕвезда Кети Пери и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо ја потврдија својата врска во викендов, по романтична средба во Париз за да го прослават 41-ви роденден на мегапопуларната пејачка.
На нивниот прв официјален состанок, Кети и Џастин присуствуваа на кабаре каде што папараците со нетрпение ги чекаа пред влезот, заедно со фановите на пејачката.
TMZ објави видео на кое двојката е прикажана како излегува по концертот, држејќи се за раце, трпеливо разговарајќи со фановите на Кети и позирајќи за фотографите.

Трудо за прв пат беше виден на концертот на Кети Пери во јули оваа година, само еден месец откако беше објавено дека таа се разделила од актерот Орландо Блум, со кого има ќерка.
