Кендал Џенер го прослави својот 30. роденден на егзотична локација, а според објавите на социјалните мрежи, славјето поминало без никакви инхибиции, па дури и без облека.
Манекенката и бизнисменка ги почести своите следбеници со серија фотографии од песочна плажа, а на една од нив позира целосно гола, свртена со грб кон камерата, додека гледа во океанот.
Покрај таа фотографија, Џенер објави и неколку други на кои позира топлес – на една лежи на плажата со песок кој ѝ ги покрива градите, а на друга стои пред огледало со рака преку градите и со пешкир околу половината. Целата објава ја проследи само со едно емоџи – кокос.