Модниот дизајнер Келвин Клајн е забележан во западен Холивуд како се шета со своето момче Кевин Бејкер, со кого е во долга врска. Двојката привлече големо медиумско внимание, пред сè, поради тоа што Клајн е 45 години постар од него.
Келвин и Кевин никогаш јавно не зборувале за својата врска, но познато е дека тие се заедно од 2016 година. Пред оваа врска, Келвин беше со порноѕвездата Ник Грубер две години. Грубер подоцна излезе со тврдење дека Келвин бил крајно љубоморен и дека го принудил да направи полиграф. Пред врската со момчињата, Клајн беше во брак со асистентката и фотографка Кели од 1986 до 2006 година.
Беше во брак и со дизајнерката Џејн Сент, со која ја има ќерката Марси Клајн.
Познатиот моден дизајнер, роден на 19 ноември 1942 година, во Бронкс, Њујорк, е познат, пред сè, по одличните колекции на женска и машка облека, фармерки, козметика и парфеми, но и други корисни предмети, како постелнина, со неговиот потпис. Клајн студирал на Институтот за модна технологија во Њујорк, а по дипломирањето во 1962 година, отишол да работи како чирак дизајнер за производител на палта и костими во индустријата за облека во Њујорк. Во 1968 година, кога отвори своја компанија, модната индустрија во Њујорк беше во мрачна фаза, со лежерна облека во хипи-стил и мини-здолништа, што го одразуваа целиот опсег на модата во тоа време.
Имајќи го тоа на ум, Клајн за промена сакаше да се посвети на дизајнирање едноставна и скромна облека. Иако на почетокот беше познат по костуми и палта, тој постепено сè повеќе ставаше акцент на спортската облека, особено на оние парчиња што може да се носат одделно и лесно да се комбинираат на неколку начини. Клајн беше првиот дизајнер што освои три награди едноподруго за женска облека „Коти“ (1973/’74/’75) и беше најмладиот дизајнер на готова облека некогаш избрана во Куќата на славните „Коти“ (1975). Тој ја опиша својата дизајнерска филозофија како „правење едноставна, удобна и модерна облека, но без ништо претерано или екстремно“. Неговата облека беше релативно скапа, но класична, елегантна и лесна за носење и предизвика големо внимание кај купувачите во САД и другите земји. Неговите достигнувања се сметаат не само за триумф на неговиот личен бренд на класичен стил туку и за созревање на американската модна индустрија.