Канје Вест настапи во Кина- неговата сопруга повторно покажа премногу (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Раперот Канје Вест (47) настапи во Кина пред полн стадион и на овој концерт не настапи сам – му се придружија децата Норт, Сент, Чикаго и Псалм, кои ги има со поранешната сопруга Ким Кардашијан (43).

Овој настап на спортскиот стадион на реката Вујуан во Хаинан беше вистински спектакл, а доказ за тоа е видеото што стана вирално на социјалните мрежи.

Канје почна да пее, а децата радосно скокаа околу сцената. Судејќи според видеата, тие одлично се забавувале. Иако не беше на сцената, сопругата на Канје Бјанка, Ценсори (29) верно го бодреше од публиката

Иако Ким Кардашијан ѝ забранила на Бјанка да се дружи со децата на Канје додека носи екстремни модни комбинации, таа сепак избрала краток фустан со шлиц кој не сокри многу.

Пред шоуто, Бјанка одвоила малку време да се дружи со 11-годишната ќерка на Канје, Норт, со која е прилично блиска, пишуваат странските медиуми. Тие заедно појадувале вчера, неколку часа пред големиот настап.

 

 

 

 

останати вести