КАМИНИ, АПАРТМАНИ, ДНЕВНА СО БИБЛИОТЕКА: Тито поседувал луксузен стан во Њујорк за кој бил заинтересиран да го купат и Роберт де Ниро и Џек Николсон (ФОТО)

by Тони Зографски

Поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито имал луксузен стан во Њујорк со поглед кон Централ Парк.

Во негово друштво биле светски познатите актери Ричард Батон, Лиз Тејлор, Софија Лорен.  Пентхаусот на популарната авенија во Менхетен имал шест соби и четири бањи.

Image

 

Властите на Југославија овој раскошен стан го купиле во 1975 година, а во 418-те метри квадратни имало и три тераси и три камини, четири спални соби. Во  една голема дневна соба имало библиотека, а постојат и посебни соби за собарки, батлери… Станот поседува и четири големи мастер апартмани, од кои еден е со камин и два со тераса. Медиумите неодамна објавија дека станот на Тито го купил некој финансиер од Волстрит за 12,1 милион долари.

Image

Интересно е тоа што пред тоа, кога започнала да кружи приказната дека станот ќе се појави на пазарот, за него наводно биле заинтересирани и холивудските ѕвезди Роберт де Ниро и Џек Николсон.

Image

Image

останати вести