КАКО СЛАВИ ЧОВЕКОТ КОЈ СЕКОЈА МИНУТА ЗАРАБОТУВА 140.000 ДОЛАРИ: Луда новогодишна забава на јахта (ФОТО)

by Тони Зографски

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос (57) сподели неколку снимки од новогодишната прослава во Ст. Барт во саботата, која ја пречека со својата девојка Лорен (52) и нејзиниот поранешен вереник Тони Гонзалес (45) со кој го има синот Нико (20) и сопругата на Гонзалес. Безос изнајмил луксузна јахта на која можат да се сместат до седум лица. Цената за изнајмување на оваа јахта е од 38.000 до 42.000 долари, плус трошоци, дневно.

Безос рече дека уживал во „луда диско забава“ со своето семејство и им сподели на своите следбеници дека Новата година е време за „личен раст“.

– Синоќа се забавувавме славејќи со луда диско забава со семејството, но Новата година е и одлично време за прегледување и фокусирање на личниот раст, обновувањето, повторното раѓање и посветувањето големо внимание на секој момент од својот живот. Добро и лошо. Сето тоа. Славете и растете – напиша Безос.

А неговата девојка напиша сладок коментар во објавата: „Те сакам душо. За секоја причина и без причина“.

Иако раскинаа пред неколку години, Санчез и Гонзалес се чини дека се во добри односи бидејќи веќе неколку пати се видени заедно со Безос.

Безос за време на новогодишната прослава облече тесна облека во диско-стил за да ја покаже својата нова фигура, додека атрактивната Санчез носеше прстен на венчалниот прст.

Да потсетиме, романсата на Безос и Лорен стави крај на 25-годишниот брак на Безос со Мекензи Скот, со која има четири деца. Исто така, нејзиниот поранешен вереник Гонзалес ја надмина неуспешната врска и се ожени со ТВ водителката Октавија Гонзалес.

Инаку, основачот на „Амазон“ е вториот најбогат човек во светот, веднаш по сопственикот на „Тесла“, Илон Маск, а неговото богатство се проценува на неверојатни 210 милијарди долари. Безос првпат стана милијардер во 1998 година, една година по отворањето на „Амазон“ како онлајн книжарница, а оттогаш го зголемил своето богатство за 12.425 отсто. Тој буквално заработува 140.000 долари секоја минута, пишува Дејли Мејл.

останати вести