Како изгледа ноќниот живот во Киев додека трае војната? (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Познатиот блогер Антон Птушкин, кого на „Јутјуб“ го следат над 267.000 луѓе, сними видео во кое се обиде да го покаже секојдневието во Киев.

Антон се прошета низ градот и рече дека се чувствувал како да е во паралелна реалност додека шетал низ урнатините на разни продавници и аптеки кои ги посетувал во последните десет години.

Тој интервјуирал луѓе кои се кријат во тунелите на метрото, во подрумите, но и во ноќните клубови каде пијат и танцуваат за да се релаксираат во овие времиња, пренесува Индекс.

Антон ја посети и болницата каде се сретна со деца кои биле повредени и чии родители загинале штитејќи ги.

„По неколку недели војна, Киев, главниот град на Украина, останува примарна цел на руската армија. Поминав неколку дена во Киев обидувајќи се да сфатам како живее градот и како се брани за време на опсадата“, вели тој.

Неговото видео набрзо се прошири на социјалните мрежи, а твитерџиите пишуваат дека видеото на Антон е навистина важно и поучно.

останати вести