КАКО БОЖИЦА: Шарлиз Терон од глава до петици во златно (ФОТО)

by Тони Зографски

Холивудската глумица Шарлиз Терон изгледаше како божица на 22-рото издание на Costume Designers Guild Awards.

На свеченоста која се одржа во Беверли Хилс, 44-годишната актерка привлекуваше погледи во блескава креација на врвната модна куќа Луј Витон. Во долгиот златен фустан со светки и со исто такво венче за коса, Шерлиз просто блескаше, додека ласкавиот ситена крој и тенок ремен на струкот ја нагласија нејзината витка и женствена фризура. Впечатокот не го расипале ниту ризичното деколте ниту пак нагласените рамена.

Со бојата на фустанот и венчето, таа ја усогласила и шминката, поточно златна сенка и кожа-боја кармин со суптилен златен сјај, додека обетките биле во сребрена боја.

https://www.instagram.com/p/B76SO4jhpNz/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com